Ванила Ајс меѓу заболените патници во авионот што слета во Њујорк


Патниците на авионот кој принудно слета во Њујорк најверојатно имале грип.

Десетмина патниви и членови на посадата кои се сместени во болница во Њујорк откако пријавиле здравствени проблеми на лет на компанијата Emirates од Дубаи за Њујорк изгледа имаат грип, јавија градските здравствени власти.

Тие велат дека зеле примероци од дишните органи на пациентите и дека нивните симптоми изгледаат како грип. Нема да знаат точно за кој вид додека не дојдат резултатите, но сите пациенти се во стабилна состојба.

Авионот на компанијата Emirates вчера беше задржан на пистата и ставен во карантин по слетувањето на њујоршкиот авион ЏФК, поради тоа што повеќе патници се пожалија на здравствени проблеми.

Од протипожарната служба наведоа дека луѓето стигнале болни во Њујорк од Дубаи и префрлени се во болница, а се работи за тројца патници и седум члена на екипажот.

Околу 100 од 520 патници на авионот се пожалиле на здравствени проблеми, се жалеле на кашлица и треска.

На летото бил и раперот Ванила Ајс, кој преку фејсбук објави видео-снимка од итните служби околу авионот.

Но, тој е благодарен што бил на вториот кат на авионот, а болните биле на долниот кат.

Летот на „Емирати“ број 203 од Дубаи пристигнал во Њујорк во текот на вчерашниот ден во 8:50 часот наутро по локално време, а пилотот изразил загриженост поради десетина патници кои што имале покачена температура и кашлица.

Авионот бил пречекан од службеници на аеродромската полиција и екипи на Центарот за контрола и превенција на болести во зоната за проверка на патниците. Авионот не бил упатен кон терминалот, затоа што тимови на итната медицинска помош морале да истражат за каква зараза станува збор.

Иако засега не е потврдено, најверојатно причината за покачената телесна температура и кашлица е поврзана со храната, а наскоро се очекува со соопштение да излезе и Центарот за контрола и превенција на болести и да ја откри конечната причина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1