Старлетата Ким Кардашијан повторно беше на сериозен состанок во Белата куќа , во намера да ослободи уште еден затвореник.
Ким Кардашијан , во Белата куќа на состанокот се договараше со ќерката на Доналд Трамп и една од неговите најголеми помошнички , Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џерад Кушнер. Таа вчера се сретна со Иванка по само три месеци од состанокот со нејзиниот татко , американскиот претседател Доналд Трамп , кога побарала од него да го ослободи затвореникот Алис Џонсон. Старлетата оваа информација ја сподели на твитер .
,, Кога ги видов и ги слушнав приказните на овие луѓе , кои ги сретнав во затвор , не можев да прекинам само по еден случај.” напиша Ким.
Таа овој пат се вратила во Белата куќа за да направи ,,реална системска промена” и да апелира за ослободување на затвореникот Крис Јанг, кој е осуден на доживотен затвор за поседување марихуана. Бил уапсен во 2010 , а Ким смета дека казната е претерана.
,,Тоа не е праведно . Тој има 30 години , а во затвор поминал цели 10 години.” , изјави Ким.
Во мај , на состаноокот со Трамп , таа успеала да го убеди претседателот на САД да го ослободи 63 годишниот Алис Џонсон . Тој во затвор бил од 1997 , а е осуден во 1996 поради поседување дрога и перење пари.
По состанокот со Ким кон крајот на мај , Трамп твитна ,, Добар состанок со Ким Кардашијан , разговаравме за реформите на казнената политика.”