(Видео) Елон Маск пуши марихуана во емисија во живо – паднаа акциите на Тесла


Извршниот директор на компанијата “Tesla”, Илон Маск, уште еднаш го шокираше светот, а овој пат поради неговиот потег, вредноста на неговата компанија се намалила за дури 3,1 милијарди долари.

Имено, тој во радио емисијата на Џо Роган која течела во живо, пушел марихуана и пиел виски.

Во текот на емисијата, 47-годишниот милијардер признал дека пие таблети за спиење бидејќи не може да заспие од обврските околу својата компанија “Tesla” која произведува електрични автомобили. Маск додал дека не е лесно да се одржува автомобилската компанија во живот.

Водителот во еден момент му понудил марихуана на Илон, која е легална во Калифорнија.

“Сигурно не смееш да земеш еден џоинт поради акциите, дали сум во право?”, го прашал Роган.

Маск, кој веќе експериментирал со халуциногени печурки, го зел џоинтот и вовлекол чад.

“Инаку не пушам марихуана. Речиси никогаш. Не гледам некоја корист од тоа за мене. Знам многу луѓе кои сакаат марихуана, но сметам дека таа не е добра за продуктивноста”, тврди Илон.

Во текот на разговорот кој траел два часа, тој ја изразил својата желба да го реши проблемот со метежот во Лос Анџелес преку изградба на подземен тунел, но зборувал и за своето детство. Веднаш по неговото гостување во емисијата, акциите на “Tesla” драстично опаднале – дури за девет отсто, бришејќи 3,1 милијарди долари од вредноста на компанијата.

Меѓутоа, тука не е крајот на маките на Илон Маск. Имено, финансискиот директор во компанијата, Дејв Мортон, кој пред само еден месец ѝ се приклучил на “Tesla”, дал отказ.

Илон во емисијата зборувал и за опасноста од вештачката интелигенција и повторно ја изнел теоријата дека луѓето треба да станат киборзи во иднина.

Во последно време милијардерот не престанува да ја шокира јавноста – тој најпрвин изјави дека ќе ја приватизира компанијата, па се откажа од тоа. Во меѓувреме, Маск го нарече британскиот нуркач кој ги спаси децата од пештерата во Тајланд “педофил”, на кое нуркачот му возврати со најава за тужба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1