Хашим Тачи повика да се гласа „За“ на референдумот


Косовскиот претседател Хашим Тачи ги повика македонските граѓани да гласаат “ЗА”, на претстојниот референдум на 30-ти септември. Тачи, кој претстојува во официјална посета на Македонија, по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека повикот да се излезе и да се гласа „ЗА“ на референдумот, не го смета за мешање во внатрешните работи на Македонија.

Дополни дека на повикот гледа како на добронамерен совет и дека како државници се повикани да ги наоѓаат најдобрите решенија, оценувајќи го Договорот со Грција како “правичен”

Говорејќи за размената на територии како решение за косовско-српскиот спор, која ја поддржува заедно со неговиот српски колега и безбедносните последици од таквото решение во регионот, Тачи рече дека процесот на донесување конечна историска одлука нема да биде лесен. Дијалогот со Белград продолжува бидејќи сакаме евроатлантска иднина, а Европската унија не прима нови членки кои имаат отворени прашања со соседите, истакна Тачи.

Премиерот Заев средбата со косовскиот претседател ја опиша како средба како лидери на две држави што немаат отворени прашања. Во заедничката изјава со Тачи најави интензивирање на економската соработка преку воспоставување на мешовит комитет, како и градење на стратегии за интеракција меѓу бизнис заедниците со Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1