30 дена притвор за осомничениот полицаец поради свирепото убиство во Прилепско


30 дена притвор одреди судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп за Е.Т. (24) од Битола, осомничениот полицаец за свирепото убиство во Прилепско, информира полицијата.

Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Е.Т. откако беше приведен го призна злосторството кое го изршил над својот пријател Алили Бекир од Битола.

Вчера (15.09) Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против Е.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1