Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вчера имал сообраќајна несреќа со автомобил во која за среќа поминал без повреди. Несреќата според информациите објавени во медиумите се случила вчера кога Тачи во попладневните часови во блиизина на Охрид со автомобил се враќал од Тирана а од патот излетал на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот аеродром..
Информацијата од неговата партија ја потврдиле за ТВ21.
Телевизијата јавува дека Тачи излетал со автомобилот од патот.
Тачи имаше сообраќајна несреќа и пред 7 години кога со службениот автомобил излета на патот Тетово – Гостивар