Заев во Вашингтон на средба со потпретседалот на САД, Мајк Пенс


Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон ќе има средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

– Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО, соопшти владината прес-служба.

Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

Во почетокот на овој месец и американскиот претседател Доналд Трамп, во писмо до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, изрази поддршка за договорот со Грција, оценувајќи го како историски и можност за отворање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1