Тела на мртви бебиња пронајдени во картонски кутии


Гувернерот на Кенија Мајк Сонко ненајавени посети болница во кенискиот главен град во понеделникот и откри тела на 12 бебеиња скриени во картонски кутии, чија смрт, се претпоставува е поради лекарска грешка.

Доктор и уште двајца вработени во родилиштето во Најроби се суспендирани, порача гувернерот преку Твитер каде ја објави и снимката од инспецијата во болницата.
„Спроведуваме ненајавена посета на родилиштите Пумвани, постојат тврдења дека управата на оваа установа ги става уредите вон фунција и на тој начин предизвикала смрт кај новороденчињата“, напиша Сонко. Во уште една објава на социјалните мрежи гувернерот напиша дека децата починале под неразјаснети околности.

Кениските медиуми пренесуваат дека гувернерот ненајавен и во цивил пристигнал во установата со такси, по дојава од граѓани.Гувернерот по доажањето открил дека родилиштето работи без гинеколог и акушерки зошто лекарот што требало да биде на должност не се појавил. По кавгата со болничкиот персонал кој ја признал смртта на само едно дете, гувернерот и неговиот тим пронајдоа тела на 12 новороденчиња.

Кениските болници често се во центарот на вниманието поради негрижа и пропусти во работата. Претходно годинава, лекарите на една болница во Кенија извршија операција на мозок на погрешен пациент.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1