Претседателот на Русија, Владимир Путин сме го виделе во голем број несекојдневни ситуации од јавање, управување со подморница, игри со тигари, постигнување голови во хокеј, но овој пат се испроба и како снајперист.
За време на посетата на воениот парк „ Патриот“ , претседателот на Русија за време на разгледување на галеријата на снајпеското оружје кое е производство на „Калашников“, реши да се проба.
Имено, тој од новата снајперска пушка SVCh-308 истрела куршум на мета одалечена 600 метри
https://youtu.be/seTOAajZwFk
полуавтоматска пушка која ќе се пероизведува во два калибра: руски стандарт: 7,62×54мм, НАТО стандарт: 7,62×51мм.
За сега е познато дека во дизајнерска но и во функционална смисла оваа пушка се разликува од традиционалната шема која е карактеристична за светската/руската снајперска пушка.Нејзиниот нов дизајн и функционалност ќе се поедностави во монтажата и ќе има различен тип на нишан, посебно ноќен термовизиски оптички уред, но и ќе се намали и нејзината вкупна габаритност и ќе се упрости постапката на чистење и одржување.
Благодарение на големото интересирање на странските партнери за новата снајпесрска пушка SVCh, се знае и колкав би бил извозниот потенцијал.