Кривични за полицаец и цариник – син и татко од Струмица поради учество во сообраќајка и фалсификување документи


Вработен во СВР Струмица со позајмен мотор регистриран на бугарски таблички удрил пешак и побегнал од местото на несреќата, а неговиот татко кој работи во царината за да го заштити се обидел да ги фалсификува документите за возилото. Како што информираат од полицијата настанот се случил на почетокот од минатиот месец кога 30 годишниот вработен во струмичкиот сектор за внатрешни работи управувајќи моторцикл Јамаха сопстевност на жител од Куклиш удрил во малолетно лице кое се здобило со телесни повреди и наместо да застане го напуштил местото насереќата. Истовремено сторил и царински прекршок бидејќи управувал возило со странски регистарски таблички кое било сопственост на друго лице. Неговиот татко пак како вработен во царинската испостава во Ново Село со намера да го избегне одземањето на возилото ја искористил својата службена положба и започнал постапка за царинење во име на сопственикот и покрај тоа што знаел дека тој не е во државата.

,, Во документот вметнал податоци од лицето на кое ќе се царини возилото, односно податоци од третопријавениот, како и податоците од правно лице од Струмица за директно застапување за спроведување на царинска постапка, а на графата „давател на полномошното“ бил ставен краток потпис од ВТ, кој потпис ниту можел ниту пак бил ставен од страна на третопријавениот кој бил надвор од Р.Македонија.

Изготвениот документ таткото го употребил во постапката за царинење на предметното возило исто како документот да го управува неговиот сопстевик. Против таткото и синот, но и сопстевникот на моторот се поднесени кривични пријави и доставени до основното јавно обвинителство. Дополнително против вработениот во СВР Струмица од страна на секторот ќе биде покрената и дисциплинска одговорност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1