Драма во скопско Арачиново, го киднапирале поради вереницата


Семејна драма во скопско Арачиново, 22-годишен итно пренесен на скопските клиники.

Како што информираат од полицијата, вчера околу 19:30 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, било пријавено дека бил донесен Н.Р.(22), кој имал повреди добиени од физички напад во село Арачиново, скопско. По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 13 часот во село Арачиново на улица „1“, додека Н.Р. управувал патничко моторно возило „Ауди“, две патнички возила му го попречиле патот, при што од истите излегле шест вооружени лица. При тоа, истите со едно од возилата, го однеле оштетениот во објект лоциран на улица „11“ во село Арачиново, каде физички го нападнале, при што го држеле затворен околу половина час. Потоа, во објектот пристигнал братучед на Н.Р. кој го пренел истиот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Од страна на Н.Р. како сторители се посочени неколку лица од село Арачиново поради нерасчистени семејни односи, односно во врска со неговата поранешна вереница од село Арачиново.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1