Тенда му паднала врз глава на 13-годишно дете во Скопје


Тринаесетгодишно дете било повредено откако врз глава му паднала тенда, додека траело невремето вчера во скопската населба Топанско Поле.

Според полицијата, несреќата се случила околу 17.30 часот, на игралиштето на улица Ѓорги Поп Христов. Додека 13-годишното дете играло со други деца на игралиштето додека траело невремето, од силниот ветер се откачила тенда од околните објекти и му паднала врз глава.

По несреќата родителот го однел детето во градска болница „Св. Наум Охридски“, каде што е задржано на лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1