Нов вирус во Европа, Србија воведе засилени контроли на граничните премини


Српското Министерство за здравство објави дека во земјата се воведени мерки за зајакнување на контролата на граничните премини. Причината за ваквите зајакнати мерки е појавата на првите случаи на таканаречени мајмунски сипаници во западноевропските земји. Тоа е вирусно заболување за кое нема вакцина.

Во Србија е формирана и посебна работна група за следење и контролата на оваа болест, пишува српски „Блиц“.

„Формирана е посебна работна група за следење и контрола на т.н. мајмунски сипаници, а српското Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје „Батут“, Санитарниот инспекторат и другите здравствени установи ќе ги преземат сите неопходни мерки за надзор и превенција за спречување на појавата на оваа болест во Србија“, посочиле од Министерството за здравство за тамошните медиуми.

Пријавени случаи на оваа болест има во Велика Британија. Со вирусот биле заразени патници што дошле од Нигерија, а пријавено е во Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести.

Вирусот се пренесува кај луѓето преку јадење месо или контакт со заразени животни. Иако ретко се пренесува од човек на човек, од животното кај човекот може да се пренесе преку рани или слуз. Од човек на човек вирусот може да се пренесе преку близок контакт со лезии на кожата на заразеното лице или со респираторни капки за време на продолжен контакт со заразено лице во лице.

Најмногу од вирусот се заразуваат децата. Луѓето што добиле вакцина против големи сипаници имаат помал ризик од инфекција. Во Африка смртноста од вирусот е од четири до 22 процента.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1