Човек со „елек од кој висат жици“ уапсен на аеродромот во Берлин


Еден човек е уапсен откако било забележано дека е облечен во елек од кој висат жици, на аеродромот Шонефелд во Берлин. Тој предизвикал безбедносна тревога веднаш по 8 часот, откако бил забележан на паркингот.

Човекот им се заканувал на обезбедувачите со шише приближувајќи се кон нив. Тој бил уапсен, а полицијата ја затворила областа за специјалните сили да можат да спроведат понатамошни истраги.

„Човекот во Шонефелд имаше елек од кој висеа кабли и жици“, потврди полицијата во соопштението. „Тој имаше и багаж. За истрагата беа испратени специјални сили. Така, паркингот П6, куќичката и стаклениот подвозник беа затворени.“

Елекот му бил одземен на човекот, при што локалната полиција потврди дека јавноста е безбедна, твитувајќи „Во моментов нема опасност за луѓето на аеродромот Шонефелд“.

„Идентитетот на човекот сè уште не е познат“, рече полицијата, но потврди дека поднеле кривични пријави против човекот, кој во моментот е во притвор.Полицијата потврди дека го проверила ранецот, но не нашла ништо сомнително во него. Четири други парчиња од багажот сè уште се под истрага.

Полицијата потврди дека денешново апсење нема никакво влијание врз летовите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1