Американскиот комичар Бил Козби е осуден на три до десет години затвор за сексуален напад.
Пресудата пристигна пет месеци откако 81-годишниот Козби беше прогласен за виновен за дрогирање и сексуален напад врз Андреа Констанд во 2004 година.
Комичарот беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението.
Козби е познат како „американскиот татко“ поради неговата улога на таткото во популарната хумористична серија „Козби шоу“ во 80-тите.
Обвинителите ќе бараат тој веднаш да биде испратен во затвор, додека неговите адвокати ќе се обидат да сторат сè за да го задржат 81-годишникот во домашен притвор и таму да го дочекаат исходот од евентуалната жалба, објавија американските медиуми.