„Ејџијан Ерлајнс“ го повлекла барањето за летови Атина-Скопје


Грчката авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“ денеска до македонските воздухопловни власти доставила барање за одобрување на летови во зимската сезона, но по два часа го повлекла. Според првичното барање, „Ејџијан“ би летала на релација Атина – Скопје – Атина, во вторник и четврток.
„Нема образложение за повлекувањето на барањето“, изјавија за Независен.мк од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

„Ајџијан“ побарала да почне да лета на 1. ноември. Летовите во четврток би биле попладневни, од Атина би полетувале во 16,40 со слетување во Скопје во 17,55 часот. Во 18,25 би бил летот за Атина, со слетување во 19,40 часот. Летовите во вторник се утрински, со полетување од Атина во 7 часот а слетување во Скопје во 8,15. Потоа, од Скопје би полетувале во 8,45 и слетувањето во Атина би било во 10 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1