Жерновски и Коѕиас излегле во исто време од говорот на Иванов


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски во исто време ја напуштиле пленарната сала на Генералното Собрание на Обединетите Нации додека траеше говорот на македонскиот претседстел Ѓорге Иванов.

Жерновски и Коѕиас ја напуштија салата токму во моментот кога Иванов рече дека Грција ги повредува човековите права на Македонците. Жерновски на фејсбук напиша дека не сакал да му даде легитимитет на Иванов а Коѕиас се уште нема реакција за напуштањето на говорот на македонскиот претседател што е прекршување на дипломатските начела за добрососедство и Виенската конвенција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1