Силно невреме ја погоди Грција, се очекуваат бранови од 11 метри


Грчката Национална опсерваторија во Атина, која го следи движењето на моќната бура над таа земја, објави дека се очекува „окото“ на Медикан (Медитерениан хурикан) утре во попладневните часови да стигне до брегот на Пелопонез.

Агенцијата АНА пренесува дека на метеоролошкиот сервис на оваа опсерваторија е наведено дека на морето меѓу Пелопонез и островот Крит се очекуваат бранови повисоки од 11 метри.

Силната бура го погоди денес јужниот дел на Грција, а соборените дрва кои ги искинале далноводите предизвикале прекин во снабдувањето со струја во делови од Атина, јавува Асошиејтед прес.

Се наведува дека се затворени училиштата во грчката престолнина и во уште некои делови на земјата, а спасувачките служби ќе бидат во готовност целиот викенд.АП пишува дека се очекуваат удари на ветер со брзина од 100 км/ч, но и дека е обновен сообраќајот на одделни траектни линии од пристаништата во близина на Атина, кој беше во прекин во изминатите два дена, а поради невремето откажани се и авионски летови.

Грчката национална метеоролошка служба ЕМИ објави дека денес се очекува влошување на временските услови на островот Крит, на Кикладите, а делумно и на јужниот и западниот дел од континентална Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1