Противпожарната екипа вчера интервенирала во станот кој пред извесно време беше причината за евакуација на цела зграда во ТЦ „Скопјанка“ откако се ширела неподнослива миризба.
Екипата излегла на терен по пријава од соседи кои забележале дека од станот изгледува чад.
Неофицијално, кога пристигнала противпожарната екипа морала насилно да влезе во станот, бидејќи никој не отворал. На лице место забележале дека сопственичката спие, а на шпоретот имало оставено тенџере од кое претекувало вода.
Од полицијата потврдуваат дека вчера околу 21:45 часот добиле пријава за интервенција од противпожарната екипа, не e причинетa материјална штета.