Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан прв се огласи во Брисел за исходот од референдум, оценувајќи дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.
– Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата, напиша Хан на Твитер.
Сега, додаде тој, очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата, повика Хан.