Заев: Не планирам да поднесам оставка – референдумот успешен, над 90 отсто од илезените дадоа поддршка


Премиерот Зоран Заев не планира да поднесе оставка од функцијата, бидејќи референдумот го оцени како успешен, на него над 90 отсто од оние кои гласале дале поддршка за Договорот од Преспа и интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Тој нагласи дека сега е уште поодлучен да ја води Македонија на патот до ЕУ и НАТО.

Истакна дека на референдумот гласале повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласа „за“. Со тоа порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, порача вечерва премиерот Зоран Заев.

– Денеска имавме успешен референдум. Ако на референдумот мнозинството граѓани беа против, секако ќе го направев тоа, но ако имате мнозинство од повеќе од 90 отсто од граѓаните кои се изјасниле за не само што немам намера да поднесам оставка туку имам обврска, рече Заев.

Нагласи дека европска Македонија добила повеќе гласови „за“ од кој било победник на изборите во независна Македонија. – Народот направи многу важен избор, рече Заев.

Додаде дека одлуката што ја донеле денеска, не била лесна, но морала да биде донесена, рече Заев и им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат за и против.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1