Почнуваат разговорите за двотретинско мнозинство во парламентот


Првиот од највените десет дена за обезбебедување на двотретинска поддршка за уставните измени предвиени со преспанскиот договор, поминува без јавна комуникација помеѓу власта и опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ чека абер, откако премеирот за дененска најави старт на разговрите. Најави за евентуални јавни средби засега нема.

Нејасен е и форматот под кои би се одвивале консултациите. За СДСМ сите опции се во игра – од преговори на лидерско ниво до консултации помеѓу самите пратеници, велат оттаму за Канал 5, без да откријат кога би стартувале.

И од опозицисктата ВМРО-ДПМНЕ без прецзиен одговор, дали ќе одговорат на евентуалниот повик за средба и дали консултацуииите ќе ги води партискиот лидер лично. Од партијата за Канал 5 велат дека за нив изходот од референдумот е доволно јасен. И координаторите на двете пратенички групи велат средби на ниво на претеници засега не се најавени.

Данев во телефонски разговор за Канал 5 вели до него не пристигнало барање за средба. Најави дека нема да гласа за уставни измени бедејќи за него прашањето е затворено.

Процесот околу договорот по референдумот е завршен и за опозицискиот лидер Мицкоски, кој во синоќшното интервју порача дека Договорот со Грција е мртов и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена по прашањето за уставните измени. Опцијата за предвремени избори, за него, е прифатлива само според „пржиснкиот“ модел, и под услов да се избере нов јавен обвинител по предлог на опозицијата и формирање на Анкетна комисија за испитување на нерегуларностите од референдумскиот процес.

Премиерот Заев веќе рече дека доколку не бидат обезбедени 80 пратеници за устаните амандмани, единствена опција за откочување на состојбите се предвремени парламентарни избори.

Собраниските математики се дека мнозинството може да обезбеди 70-тина пратеници. Но, за да поминат уставните измени потребни се уште десет.

Kanal5.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1