Заврши седницата на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ


Заврши вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на која требаше да се разгледаат трите барања – техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот.

Се очекува изјава за медиумите да даде потретседателот на партијата Александар Николовски кој треба да ги соопшти заклучоците од седницата.

Неофицијално се очекува дека е можно, од партиските функции, покрај Петар Богојески кој беше заменик-генерален секретар, да бидат разрешени и Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратениците кои гласаа на референдумот, Драган Данев и Даниела Рангелова, и членот на ИК Костадин Богданов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1