Џафери нема да му дозволи на Мицкоски да се обрати во парламентот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ да му дозволи на партискиот лидер, Христијан Мицкоски, да се обрати пред пратеници во Собрание на расправата за отворање на Уставот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, го прочита барањето адресирано до Собранието на денешната седница, но Џафери рече дека не постои таква можност во Деловникот која би му овозможила да го покани Мицкоски.

Освен тоа, Џафери реагираше на фактот што писмото не е адресирано до него како претседател на Собранието.

-Ако имате барање или некакво писмо до Џафери доставете му го на адреса во село Форино каде што тој живее. Ова што вие го зборувате нема врска со Деловникот. Прво и основно ВМРО-ДПМНЕ не е орган или организација, туку политичка партија, а Мицкоски е претседател на партијата, а не пратеник. Нема услов да го поканам Мицкоски, а освен тоа за покана јас барање не сум добил од никого – рече Џафери.

Тој го цитираше Деловникот на Собранието каде стои дека на седница во Собранието може да присуствува и во работата да учествува претседателот на државата, премиерот, министри и овластен претставник на предлог законот. Претседателот на Собранието, пак, може да покани на седница претставници на други организации кога се разгледуваат прашања од нивен интерес.

На тоа Данев реплицираше:

-Бидете на ниво на задачата која ја извршувате, овозможете му на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да се обрати во Собранието и на македонските граѓани, имало такви пракси во минатото – рече тој.

-Не се работи за моја волја, се работи за Деловник. Јас емам проблем со тоа, но нема основ по Деловникот тоа да го направам – одговори Џафери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1