Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски излегува од куќен притвор


Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во случајот со настаните од 27 април лани во Собранието, излегува од куќен притвор откако со одлука кривичниот сове ја прифатил гаранцијата во недвижен имот. За ова претходно со позитивно мислење се произнело и обвинителството.

– Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието, по претходно дадено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа Обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа како и забрана за издавање нова – велат од судот.

Со ваквата одлуката, Василевски ќе може да присуствува на пленарните седници во Собранието каде во тек е расправата за уставни измени.

Во куќен притвор остануваат уште двајца опозициски пратеници, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, но и тие веќе имаа поднесено жалби за оваа мерка.

Со нив тројцата, на обвинителна клупа се уште двајца други пратеници од опозицијата, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, кои излегоа од куќен притвор и се со други мерки на претпазливост.

Петмината денеска се наоѓаат во Кривичниот суд каде се одржува рочиште за „крвавиот четврток“ на кое сведочи загрозениот сведок Ц1, од коешто е исклучена јавноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1