Села: Заев не е цар и не е над правдата па да пружа рака за помирување


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, му порача на премиерот дека не е над институциите и над правдата за да нуди помирување за настаните од 27 април. Села најтешко помина при упадот во Собранието, каде демонстрантите го претепаа мислејќи дека го убиле.

„Не знам дали премиерот Зоран Заев имал семејни или лични проблеми на 27 април кога денеска пружа рака за помирување. Ако тој мисли за случувањата на 27 април во Собранието тогаш треба да знае дека не е над институциите и правдата. Тој е избран за премиер на државата, а не за цар“, напиша Села.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1