Вчера во 28:30 часот во Полициската станица Прилеп 53-годишниот Г.Н. од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 12:30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на 41-годишниот В.И. бил физички нападнат.
Истиот ден, околу 18:15 часот во Полициската станица Прилеп 41-годишната В.И. од Прилеп пријавила дека околу 12:15 часот во детската градинка каде била вработена, додека вршела распределба на храната дошло до расправија со 47-годишната Б.Н., исто така вработена во градинката, при што била навредувана со погрдни зборови. По кратко време, според пријавеното, во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал расправија со пријавителката и во еден момент физички ја нападнал. Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.