Канал77 јавува дека Роби Телекабел претепал сопственик на кафуле во Штип


Во тепачка во дискотеката Клик во Штип бил повреден сопственикот на кафулето ,, Илужн,,  Ацо Панов. Инцидентот за Канал 77 / mms.mk го потврдиле и од полицијата

„Во моментот од страна на полицијата и надлежен обвинител се сослушуваат учесниците. Со информации од кривично – правниот настан ќе излеземе утре“, изјавила Гордана Панајотова, портпаролка на СВР Штип.

Радио Канал 77 / mms.mk пишува дека стапил во контакт со повредениот Панов кој во изјава за радиото раскажал дека сопственикот на Телекабел и за кои многумина велат скриен сопственик во телевизијата 24 Вести Роберт Димитров, ноќеска во дискотеката „Клик“ во Штип го нападнал без причина со уште неколку лица. 
Ацо Панов во моментов е хоспитализиран на хируршкото одделение во Клиничката болница во Штип. Оваа информација за Канал 77 / mms.mk ја потврдиле од болницата, а канал 77 пишува дека по примемот на Панов, кој имал повреди на главата, интервенирал неврохирург и е задржан на понатамошно лекување.

Целото инфо на –  Канал 77. / mms.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1