Објавена снимката од крвопролевањето


Телевизијата Вести Крим објави снимка од надзорните камери кои го забележале моментот кога Владислав Росљаков ги нападна студентите и вработените во Политехничкото училиште во Керч на Крим.

На снимката се гледа како Росљаков поминува до зградата  на образовната институција, носејќи торба со оружје и муниција. На снимката исто така се гледа и моментот на експлозијата и пукањето.

Телевизијата набрзо ја тргна снимката бидејќи е со вознемирувачка содржина.

Во средата ученикот од четврта година Владислав Росљаков пукаше и активираше бомба во Политехничкото училиште во Керч.

Во нападот загинаа 21 лице – 16 студенти и петмина вработени. Над 50 лица беа повредени. Напаѓачот изврши самоубиство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1