Христијан Мицкоски го престројува ВМРО ДПМНЕ, со силна поддршка Централниот комитет


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, добил силна и безрезервна поддршка вечерва на состанокот на Централниот комитет на партијата, дознава НетПрес од партиски извори.

Според напите информации, неговите предлози за икслучување од редовите на партијата на сите оние кои правеле раздор меѓу членството биле прифатени едногласно. Па, така градоначалник0т на Кавадарци и потпретсадател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, е исклучен од партијата и тоа едногласно од сите членови на Централниот комитет. Иста судбина како Јанчев доживеаа и реформаторите Костадин Богданов и Петар Богојевски. И за нив сите членови на Централниот комитет се изјасниле дека повеќе не се пожелни во ВМРО ДПМНЕ.

Освен ова, Мицковски на состанокот предложил одржување на конгрес на ВМРО ДПМНЕ, но овој негов предлог бил едногласно одбиен.

Повеќе на Нетпрес.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1