Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва му дал целосна поддршка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, објави порталот курир.мк.
На вечерашната седница на ЦК, едногласно е отфрлена потребата од вонреден конгрес, брифираат од партијата за порталот кој важи за близок на опозицијата.
Со тоа паѓаат во вода шпекулациите кои беа пласирани од провладини медиуми дека на седницата на централниот комитет кој е највисокиот одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса може да му биде изгласана недоверба на Мицкоски и партијата да оди на нов конгрес.