ВМРО-ДПМНЕ го исклучило и Никола Тодоров


Партиски извори од опозициската најголема партија потврдуваат дека Сашо Мијалков поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и началник на УБК и Никола Тодоров поранешниот министер за здравство – вечерва се исклучени односно против нив партијата започнала процедура за исклучување од членство, јавуваат медиумите повикувајќи се на извори од партијата.

За нив и за другите членови кои што го нарушиле партискиот статут конечен збор треба да дадат оштинските комитети.

Конкретно за исклучувањето на Мијалков ќе треба да решава Општинскиот Комитет во Центар.

Предлогот на исклучување на Тодоров дошол од Општинскиот комитет Карпош од каде што доаѓа тој.

Се очекува изјава во секој момент пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ за потврда или демант на овие информации

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1