Зимското сметање на времето ќе почне в недела на 28. октомври во 2 часот по полноќ, па стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад.
Летното сметање на времето завршува во 3 часот 00 минути и 00 секунди, така што со поместувањето од еден час наназад времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот, информираат денеска од Министерството за економија.