Елизабета Канческа најави нова бура: Допрва се ќе излезе на виделина


Ако некој мисли дека ќе се скрие зад некого или нешто, се излажал – сѐ ќе си дојде на виделина, вели пратеничката Елизабета Канчевска-Милевска, која пред четири дена беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, за Дојче веле на македонски јазик

ДВ: Како изгледаше вашиот ,,ден потоа“?

Искрено ќе ви кажам. Добив огромна поддршка и многу позитивни пораки. Можеби некој мислел и поинаку и не смогнал сила во тој момент да ми пише од какви било причини, а верувам дека и кај многу луѓе имало зачуденост од оваа моја одлука. Но, секој што подобро ме познава како личност, знае дека никогаш, ама никогаш нема да донесам избрзана одлука, дека таа одлука сум ја донела врз сеопфатна анализа и дека истата ќе ја бранам одговорно.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која некој ја создал, ја градел ја негувал и никој, буквално никој, не може да си зема право да ги отфрла сите оние кои имаат каков било став поразличен од некој друг. Напротив, треба секој став да се почитува, па макар и да е празличен од оној кој навистина нема став, или се двоуми од било какви лични интереси да го презентира јавно и истиот да го брани. Се ќе си дојде на виделина. Ако некој мисли дека ќе се скрие зад некого или нешто друго, се излажал. Историјата некој ја пишувал, но и ние сме тие кои со нашите постапки ја пишуваме историјата за идните генерации.

Целото интервју прочитајте го на „Дојче веле на македонски јазик“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1