Собранието ќе чека премиерот Зоран Заев да предложи да се формира парламентарна комисија за национално помилување и помирување. Во координација со спикерот на Собранието, Талат Џафери, координаторите на парламентарните групи генерално се согласиле дека форматот на комисијата треба да се состои од ист број членови на мнозинството и опозицијата. Заев, иако не објаснува што суштински значи национално простување и помирување, гарантира дека немало да се меша во судските постапки.
Лидерот на албанската опозиција, Зијадин Села, поддржува само меѓунационално и меѓуетничко помирување, но за големи прашања, а не за спасување на лица од кривична одговорност. Села коментира дека не ја разбира идејата на премиерот и иронизираше со народна поговорка.
„Еден будала ќе фрли камен в бунар, 100 паметни не можат да го извадат… Секакви зборови.., ова му била целта, она не била… нека излезе премиерот нека разјасни. Ние сме за државно и национално простување и народите и националностите кои живеат тука во Македонија. Такво простување и национален консензус сега во пресрет на членството во НАТО и во ЕУ има значење само во една форма, да се отвори темата за договорот кој треба да се постигне меѓу двете големи заедници во Македонија“, рече Села.