Со камења и други предмети , мигрантите ги гаѓаа хрватските специјалци и попладнево успеаја да го пробијат кордонот.
Дури по повеќе од пет часа , специјалците и полицијата на Хрватска успеа да ги врати мигрантите на 100 метри подалеку од границата со БиХ. Полицијата користеше солзавец и палки , а неколкумина од мигрантите се повредени . Инцидентот почна попладнево кога група од над стотина мигранти насилно се обидоа од БиХ да влезат на теритотијата на Хрватска.
Во вечерните судири , имало пресметка и меѓу самите мигранти , од кои еден е повреден со нож. Двајца полицајци биле повредени во вечерните судири. Мигрантите се протерани на 100 метри од мостот , што ги дели Хрватска и Босна и Херцеговина.
Вечерва притигна уште една група мигранти од Велика Кладуша , така што сега на границата има околу 350 мигранти , кои сакаат да влезат во Хрватска.Тие подигнаа шатори и запалија десетина огништа , по што може да се заклучи дека вечерва нема да се повлечат од граничната линија.