На денешната пленарна седница европратениците ја усвоија Директивата на европскиот Парламент и на Советот за намалување на влијанието на плстичните производи врз животната средина.
Со оваа одлука во целост се забранува употребата на чепкалки за уши, пластичните прибори за јадење , како и цевчиња кои убедливо се на првото место во отпадот на крајбрежјето на европските држави. Ќе се забранат дури и пластични држачи за балони , како и стапчиња за меѓање пијалоци , односно се што е палстично , а за него има алтернативен производ направен од друг материјал.
,,За помалку од 60 години од масовната примена на пластиката , произведовме 80 милијарди тони пластика , која ја загадува околината.” , рече предлагачот , белгиската пратеничка Фредерик Рис.
На списокот на забранети предмети , кои го сочинуваат 70 проценти од морскиот отпад , се наоѓаат и пластичните кеси и пакувања, шишиња, чаши , балони и садови за храна за еднократна употреба.
Државите ќе мора да организираат рециклирање на шишињата и другата амбалажа за која до 2050 нема да се најде алтернатива.
Според научните истражувања, секоја година во морињата завршуваат 12,7 милиони тони пластика, со што се загрозени 700 животински видови.