Скопската зоолошка доби нов член – мајмунче бабун


Скопската зоолошката градина доби уште ново бебе, а најновиот жител е мајмунчето бабун, од семејството павијани. Од зоолошката велат мајмунчето дошло на свет завчера, а ова е второ бабунче по ред. Додаваат дека мајката е доста грижлива за своето бебе, но, за изненадување, за својата принова голема грижа покажувал и таткото.
– Родителите се навистина грижливи кон мајмунчето бабун, а особено чудно е што голема грижа покажува и сопругот на мајмунката. Таа глетка е доста невообичаена кај мајмуните – вели Тина Мицковска, задолжена за односи со јавноста од Зоолошка градина – Скопје.

Посетителите сега имаат можност да го видат ова мало суштество во живеалиштето на мајмуните бабуни.

– Нашата павијанка на свет донесе мало преслатко бабунче. Таткото сѐ уште е збунет – напишаа на својот фејсбук-профил од скопската зоолошка градина.
Работното време на зоолошката градина во октомври е од 9 до 18 часот, а билетарницата работи до 17 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1