Судијка Димовска: Не сакаме да го носиме срамот на некои судии


Како судство мораме да се отвориме кон граѓаните. На судството му треба реформа. Свесни сме дека реформата подразбира и персонална реформа, свесни сме дека има луѓе кои не заслужиле да бидат судии. Меѓутоа свесни сме дека некое независно тело треба да преиспита за секој судија дали добро си ја работи работата или не. Мораме во името на огромен борј судии, кои чесно и посветено работат, да кажаме дека не сакаме да го носиме срамот на некои судии кои не ја заслужуваат функцијата.

Ова го изјави судиката Анета Димовска од Основен суд Скопје 2 денеска на отворениот ден во Врховниот суд по повод одбележувањето на Европскиот ден за граѓанска правда и нагласи дека сите судии имаат име и презиме и доколку некој не заслужува да биде судија, треба да биде отстранет.

– Амнестијата е политичка одлука, а судството работи по законите. Ниту можам, ниту знам што ќе се случува во иднина. Како граѓанин ако ме прашувате не сум за амнестија. Секој треба да си одговара за тоа што го направил – ниту еден судија не би требало да се занимава со тоа рече таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1