Џесика Алба била киднапирана кога имала 15 години


Една од најсексапилните холивудски актерки последниве две децении, Џесика Алба била жртва на киднапирање и била пронајдена во багажник кога имала 15 години.

Имено, ѕвездата од филмовите „Град на гревот“, „Фантастичната четворка“ и „Во синилото“, во 1996. ја снимала серијата „Флипер“, па одеднаш почнала да добива чудни телефонски повици. Кусо потоа, едноставно исчезнала и 14 часа никој не знаел каде е. Подоцна е пронајдена врзана во багажник, со превез на очи и селотејп на устата.

Кога била дете, таа имала здравствени проблеми, а страдала и од опсесивно-компулсивно нарушување. Била осамена и се чувствуала отфрлена од црквата кон која нејзиното семејство припаѓало.

– Поостарите мажи ме прекоруваа, а пасторот ми велеше дека тоа е затоа што се облекувам провокативно. Тоа беше лага, но се чувствував виновно и се срамев од своето тело, изјави таа во едно неодамнешно интервју.

Поради своите социјални проблеми, ѝ се појавиле и проблеми со исхраната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1