По земјотресот од 6,4 степени на Закинтос, до 8 часот утрово се регистрирани над 35 последователни земјотреси, од кои десет со јачина поголема од 4 степени и еден од 5.1 степен, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, соопшти Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција.
На грчкиот остров веднаш заминале генералниот секретар за цивилна заштита, специјалниот секретар за управување со кризи, претседателот на Агенцијата за планирање и заштита од земјотреси, како и претставници од Дирекцијата за планирање и справување со вонредни состојби од Секретаријатот за цивилна заштита. според досегашните информации, нема регистрирани повредени лица, силниот земјотрес предизвика материјални штети, а веќе се решени проблемите со снабдувањето со електрична енергија.