Во автомобилот ја возел љубовницата и нејзините деца, а во багажникот мртвата сопруга (Видео)


Американскиот војник Логан Т. Кајл (22) е уапсен во Луизијана после дојава дека во багажникот од својот автомобил го вози трупот на неговата сопруга Шелена Кајл (22).

Неговата љубовница Сара Паркер (24) исто така е уапсена под обвинение дека се обидела да му помогне на своето момче да се ослободи од телото.

Полиција соопшти дека Логан го признал убиството, но не е кажано како го сторил ниту кој е мотивот.

Логан и Шелена се венчале на 9-ти август 2016 година, а шерифот Тони Монкусо рече на конференцијата за новинари во понеделникот дека Сара Паркер му помогнала на Логан во злосторството. Логан и Сара се состанале откако војникот ја убил својата жена.

Тие се возеле низ околината барајќи погодно место за да се ослободат од телото, меѓутоа полицијата ги запрела пред да ја реализираат својата намера. Во автомобилот биле и малолетните деца на Сара.

Тие можат да бидат обвинети за доведување на деца во опасност, зошто рекол шерифот, можело да дојде до пукање во текот на апсењето и до пoвредување на децата. Нив по апсењето ги презела социјалната служба.

Кајл пристапил во војска пред 4 години, и бил стациониран во Форт Полк од 2017 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1