Груевски до 8 ноември треба да се јави во затвор- адвокатите бараат од врховен преиспитување на пресудата


До 8 ноември Груевски е повикан да се јави во затворот Шутка за издржувањ на казната за случајт Тенк. Упатниот акт за издржување на казната екс премиерот го доби во скопскиот кривичен суд каде беше дојден на рочистето за случајот Траекторија.

Од скопска единица соопштија дека упатниот акт му е врачен лично по претходно неуспешен обид да му биде доставен на домашната адреса.

– Основен суд Скопје 1 „Во судот му беше врачен упатениот акт, изготвен од судија за извршување санкции, во кој е наведен максималниот рок од 13 дена кога треба да се јави на издржување на правосилно потврдената санкција“

Груевски денеска не го коментираше известувањеѕто за издржување на казната. Но, пред неколку дена рече дека ќе се консултира со одбраната и ќе се жали на одлуката.

Неговите адвокати за Сител потврдија дека искористен е вонреден правен лек за преиспитување на пресудата, а додека Врховен одлучува побарале одложување на казната. По доставувањето на поканата за издржување , осудениот има право на жалба и на овој упатен акт.

На ваков начин беше одложено издржувањето на казната и во случајот со екс премиерот Владо Бучковски на кого Врховниот суд му ја одложи казната до одлуката по преиспитување на случајот.

Груевски за набавка на мерцедесот е осуден на две години затвор. Во овој случај затворска кана доби и поранешен помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на кого Апелација му намали две од првостепената казна од 6 ипол години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1