Двајца посетители на американскиот Национален парк Јосемити загинаа при пад од популарниот видиковец, рече денеска официјален претставник на тој парк во Калифорнија.
Персоналот на паркот се обидува да ги пронајде телата на мажот и жената, рече портпаролот Скот Гедимен, не прецизирајќи кога таа двојка паднала од Тафт поинт, видиковец на 2.285 метри височина, пренесува АП.
Гедимен додаде дека истрагата за смртта на двајцата посетители е во тек.
Минатиот месец, израелски тинејџер, кој исто така престојувал во посета на американскиот национален парк паднал од височина и загинал во близина на врвот Невада фол, висок 180 метри.
Од Окружната мртовечница соопштија дека смртта на 18-годишниот Израелец Томер Франкфуртер е последица на несреќен случај, потсетува американската агенција.