Се урна кран на патот Качаник-македонска граница, тројца работници повредени


На автопатот во изградба „Арбен Џафери”, кој го поврзува косовскиот главен град со Македонија, вечерва се урна дел од градежната машинерија, при што полесно се повредени тројца работници.

Привремено е затворен и патот од границата меѓу Македонија и Косово, поточно од Генерал Јанковиќ до Качаник.

Според соопштението на Министерството за инфраструктура на Косово, денеска околу 18 часот се лизнал кран во близина на последниот сегмент од мостот во изградба, кој е дел од автопатот и кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ до границата со Македонија.

– Поради безбедност во сообраќајот при интервенцијата на надлежните екипи, националниот пат Н2, кој ги поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ и со граничниот премин со Македонија, ќе биде блокиран за период од околу три часа. Ги молиме граѓаните да го избегнуваат движењето низ овој пат во споменатиот период, се вели во соопштението на косовското Министерство за инфраструктура, објавено нешто по 19 часот.

Според извори од болницата во Урошевац, тројцата работници се здобиле со полесни повреди и се вон животна опасност

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1