Глоба од 770.000 евра добија Алкалоид Конс и Д-р Пановски


Двете фармацевтски компании ќе треба да платат околу 770 000 евра бидејќи комисијата за заштита на конкуренцијата, утврдила дека нуделе идентични цени на лекови за Клиниката за Онкологија и за Битолската болница, во 2008-ма, 2010 и 2011-та година.

Според Комисијата, Алкалоид Конс и Д-р Пановски, на тендерите излегле со исти цени за лекот при набавките во двете болници. Тоа е усогласено однесување меѓу претпријатијата, што претставува прекршок според законот за заштита на конкуренцијата.

Министерот за здравство Тодоров. Смета дека ова треба да е поука за останатите фирми.
Слична постапка, Антимонополската комисија води за уште неколку веледрогерии, кои се договарале меѓу себе на тендерите за набавка да понудат иста цена на лекот и тендерот наместо една да го добијат неколку фармацевтски компании.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1