Виртуозите на виолончело, Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ, познати како „Ту челос“ нема да свират заедно откако ќе ја завршат турнејата вo Америка и Австралија што ќе трае до април следната година, пренесува „ 24 сата “.
Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ одлучија да направат пауза после снимањето на новиот албум. Огромниот успех кој го остварија 2Cellos на светската сцена, очигледно, си го зеде својот данок.
„Тоа беше лудо. Животот, ритамот и темпото беа убиствени. Стварно претеравме. 200 летови годишно, постојано концерти, патувања по сите континенти, снимања…Едноставно,мора да се тргнеме од тоа“; изјави Хаусер.
Момците планираат да ги одработат австралиската и американската турнеја и после тоа да направат пауза.
„Ќе им се посветиме на некои други работи во животот, ќе направиме една здрава пауза, ќе рекапитулираме сè досега низ нашите глави и кога ќе си дојдеме на себеси, ако си дојдеме, можеме да продолжиме понатаму заедно“, додаде Хаусер.