На Ѕидот на сообраќајниот срам се појави фотографија од автобус на ЈСП кој се забил во дрво.
Според напишаното на Фејсбук групата, се работи за несреќа на булеварот кај Автокоманда према Маџари, поради која тешко се одвива сообраќајот.
Сообраќајката била по вториот надвозник, а засега не се знае дали има повредени и како дошло до несреќата.