Објавена снимката од застрелувањето на Гркот во Албанија (ВИДЕО)


Албанските медиуми објавија снимка од застрелувањето на Гркот од страна на албанската полиција во погранично место меѓу двете земји.

Според албанскиот ,,Репорт ТВ” , се гледа Гркот со калашников во рацете.

Како што е познато , албанската полиција го застрела Гркот , 35 годишниот Константинос Кацифас , кој пукал зашто полицакците сакале да го тргнат грчкото знаме од гробиштата од Втората светска војна во местото Буларат , во близина на границата.


Кацифас пукал со калашников кон полицијата , известуваат албанските медиуми. Во албанското село Буларат , во кое живеат повеќето Грци вчера била одбележана годишнината од влегувањето на Грција во Втората светска војна на 28 октомври 1940 година.

Убиството предизвика жестоки реакции меѓу двете земји. Атина упати демарш до Тирана , во кој се осудува убиството на Кацифас , а неговиот потег се смета за акт на патриотизам кон матичната земја. Албанија . пак смета дека станува збор за вооружен напад кон припадници на полицијата .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1