Човек кој пазарел во ланецот маркети во Лидл останал зачуден и згрозен кога во пакет со ориз пронашол мртов глушец. Ричард Лич седнал со своето семејство да вечера и го отворил пакувањето со ориз и се згрозил од тоа што го видел внатре, мртов глушец во пакувањето со ориз.
Ричард ја објавил фотографијата на социјалните мрежи и се обратил со коментар на официјалната страна на Лидл маркети во Британија.
Од маркетот Лидл му одговориле на твитот дека ќе го разгледаат неговиот проблем.